🎬„О, Викторе! Го сакаме Виктор. Фантастичен си“, му кажа Трамп на Орбан

„Следниот пат ќе бидеш уште подобар. Ние сме со тебе 100 проценти“, рече Трамп, додека Орбан му се заблагодари на американскиот претседател во објава.

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фантастичен“ лидер за време на мировната конференција за Газа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, додавајќи дека целосно го поддржува.

Видео од изјавата на Трамп е објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, објави унгарскиот MTI.

„Ја имаме Унгарија. О, Викторе! Го сакаме Виктор. Фантастичен си. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене за тоа, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.

Трамп додаде и дека го поддржал Орбан на последните унгарски избори.

„Следниот пат ќе бидеш уште подобар. Ние сме со тебе 100 проценти“, рече Трамп, додека Орбан му се заблагодари на американскиот претседател во објава.