Објавено ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од моментот на експлозијата во Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави и видео од моментот на експлозијата во Истанбул. Сето тоа се случило пред продавница на шест минути пешачење од плоштадот Таксим, популарно шеталиште за туристите.

Како што можете да видите на видеото, минувачите мирно се шетале во овој дел од градот кога одекнала страшна детонација.

Откако се расчисти густиот чад, можеше да се забележат луѓе како лежат на улицата, додека некои кои останаа на нозе се обидоа да побегнат.

Потсетуваме, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја изјави дека во експлозијата „има мртви и ранети“. Тој не објави никакви дополнителни детали.

Според светските медиуми повредени се најмалку 11 лица.

Експлозијата се случила околу 16:20 часот по истанбулско време.

Слични содржини