Обама укинува политика на отворени врати за кубанските мигранти

од Vladimir Zorba
63 прегледи

 

Американскиот претседател Барак Обама ја прекина петдецениската „политика на отворени врати“ за кубанските мигранти за кои сега ќе важат слични правила како и за останатите жители на Јужна Америка.

Хавана, Куба

Обама ги отфрлил правилата од 60-те години на минатиот век што овозможуваа кубански мигранти да добијат брзо американско државјанство.

– Од сега Кубанците кои сакаат да влезат во САД илегално ќе бидат изложени на исти правила како и останатите мигранти, изјави тој. Моментно има околу 1,8 милиони Кубанци кои имаат американско државјанство