Обамејанг е подготвен да дебитира против Евертон

од Vladimir Zorba

Новата ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг го направи првиот тренинг со тимот. Габонецот, кој дојде од Борусија Дортмунд во последниот ден од трансфер перозорецот, има желба да дебитира за „топџиите“ уште во натпреварот против Евертон во сабота.

28-годишниот напаѓач беше во одлично расположение за време на тренингот. Тој тренираше одделно од главната група, но нема пречки Арсен Венгер да го вклучи во домашниот меч против Евертон.

Обамејанг беше купен за 56 милиони фунти од Арсенал, што е рекорд за клубот. Тој ќе добие неделна плата од 180.000 фунти и ќе биде најскапо платениот играч во тимот.

Слични содржини