Обамејанг со деби гол за Арсенал, Миктаријан запиша 3 асистенции

од Vladimir Zorba

Арсенал го победи со 5: 1 Евертон во натпревар од 26-тата рунда од Премиер Лигата.

На овој начин „топџиите“ продолжуваат да со успешните резултатит против „карамелите“.

По успехот, тимот од Лондон се на 6-то место во рангот со 45 поени и само 5 поени од топ 4.

Пјер Емерик Обамејанг успеа да дебитира со гол за тимот.

Другото ново засилување – Хенрик Миктаријан, имаше феноменален натпревар и асистираше за три од головите на тимот.

Со хет-трик во натпреварот се истакна Ремзи, кој постигна во 6-тата, 19-тата и 74-тата минута, додека Кошчелни и Оба во 14-тата и 37-тата.

Калверт-Левин го постигна единствениот гол за гостите во 64. минута.

Домаќините сепак добија тежок удар откако Петар Чех мораше да биде заменет поради повреда.

Слични содржини