Во земјите од Западен Балкан, може да има економски раст од 4,4 проценти оваа година, ако регионот успешно излезе од пандемијата со Ковид-19“, објавен најновиот извештај на Светската банка.
Според него, се прогнозира раст на македонската економија за годинава од 3,6 отсто и за наредната од 3,5 проценти.
Од земјите во регионот најголем раст за оваа година е предвиден во Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од пет, Албанија 4,4, Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти.
Додатокот на макроекономскиот извештај за Европа и Централна Азија предвидува дека економијата во земјите од Западен Балкан може да порасне за 3,7 проценти во 2022 година.
– И покрај напредокот, заработката по глава на жител се очекува да остане 6,5 проценти под предвидувањата пред пандемијата до 2022 година, се наведува во документот.
Во извештајот е нагласено дека главниот предуслов за раст во регионот ќе биде враќање на довербата на потрошувачите и компаниите како резултат на слабеењето на пандемијата и намалената политичка нестабилност.
-Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нагло зголемување на бројот на заболени од коронавирус годинава, но кампањата за вакцинација веќе започна во сите земји, потсетува Ројтерс.