245
Објавен е новиот трејлер за филмот “Чарлиевите ангели” чија режија ја потпишува Елизабет Бенкс, а во кој улогите ги оствариле Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска.
Во новиот трејлер се гледа познатата сцена – три жени одат во мисија со стил и тешка артилерија. Во филмот, жените ги водат ментори кои себеси се нарекуваат Босли, а Бенкс се појавува како една од нив.
Во улогата на Босли ќе ги гледаме и Сем Клафлин, Џимон Хоунсон и Патрик Стјуарт.
Песната која имаме прилика да ја слушнеме на трејлерот ја изведуваат Мајли Сајрус, Аријана Гранде и Лана Дел Реј. “Чарлиевите ангели” пристигнуваат во кино салите на 15-ти ноември оваа година.