Објавен огласот за продажба на ФК Брегалница 2008 –Штип

од desk3
68 прегледи

 

Почна продажбата на Фудбалскиот клуб Брегалница 2008. Oд денеска и официјално во дневниот печат и на веб страницата на општината објавен e огласот за продажба на овој клуб.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека продажбата на акциите на ФК „Брегланица 2008“-Штип ќе се изврши по пат на јавно надавање.

m-bregalnica-logo

-Предмет на јавниот повик е продажба на 250 обични акции сопственост на Општина Штип во Друштвото за спортски дејности ФК „Брегалница 2008“ АД, Штип , што преставува 100 проценти од вкупните акции на Друштвото. Вкупната вредност на акциите сопственост на Општина Штип во Друштвото е минимум 25.000 Евра, односно 100 евра по акција. Продажбата на акциите ќе се изврши по пат на јавно наддавање со поднесување на затворени понуди, а јавниот повик за продажба на акциите се смета за успешен и во случај ако биде доставена најмалку една понуда што ги исполнува сите услови и барања предвидени во документацијата за Јавниот повик, вели Ристов.

Постапката ќе ја спроведе Комисија основана од Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев. Во огласот се наведува дека право на учество имаат домашни и странски фирми и физички лица, а под услови утврдени со документацијата за јавен повик. Како основен критериум за избор на најповолната понуда ќе биде највисокиот понуден износ, а како што се вели во огласот минимум годишно вложување за временски период од 10 години, при што понудениот износ не може да биде понизок од 300.000 евра годишно во денарска противвредност. Секој понудувач може да даде само една понуда за износот на годишно вложување за временски период од 10 години.

Краен рок за доставување на понудите е 27 септември 2016 година до 11 часот, а отворањето на понудите ќе се изврши на 3 октомви 2016 година во просториите на Општина Штип./MИА