Израел се најде на првото место на листата на најбезбедни земји во услови на пандемијата на коронавирус, покажува истражувањето на конзорциумот „Deep Knowlegde Group“.
Според објавените резултати, во првите десет се нашле и Австралија, Кина, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија.
Конзорциумот, исто така, направил список на земји што се под најголем ризик денес.
Италија, САД, Велика Британија, Шпанија и Франција влегле во првите пет, а по нив следуваат Шведска, Иран, Еквадор, Филипините и Романија.
При формирањето на листата, аналитичарите обрнале внимание на информациите: кога стапиле на сила ограничувањата за движење, должината на карантините, случаите на нивно кршење, како и мерките за економска поддршка на државите.
Авторите на студијата, исто така, обрнале внимание на тоа дали има широко распространет пристап до тестирање во овие земји, како и количината на ресурси на здравствените системи и други вонредни мерки воведени од државите.