Oбјавена книгата „Успеси и заговори“ од Стојан Андов

од desk2
118 прегледи

Книгата „Успеси и заговори“ со поднаслов „Обидите на Данаилов Фрчкоски“ од Стојан Андов ја објави издавачката куќа „Матица македонска“.

Во книгата Андов говори за мноштво судбоносни настани што се случија во Република Македонија во 1993 година, ги разјаснува соочувањата со новите маневри на грчката политика, потоа грчко-српскиот сојуз и градењето мерки за доверба…

Стојан Андов (Кавадарци,1936) е автор на книгите: „Од мој агол“, „Источни патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Број Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 година“ и „1992 – година на опасни ризици“.