Oбјавена прва снимка од новото продолжение на „Паркот Јура”

од Vladimir Zorba
68 прегледи

 Сценаристот на „Паркот Јура: Пропаднато кралство“, Колин Тревороу на Твитер објави куса снимка од новото продолжение на филмот „Паркот Јура“, чија премиера е закажана за 22 јуни 2018 година.

Тоа е прва објавена снимка од филмот, на која глумецот Крис Прат игра со мало диносаурусче.

– Очигледно, кога немате вистински диносауруси, ангажирате луѓе да ги глумат. Но, ги обожуваме механичките кукли. Му даваат душа и реалност на сето тоа. Се обидуваме да најдеме рамнотежа меѓу механичките кукли и компјутерските анимации, нагласи сценаристот во коментар.

Претходното, четврто продолжение на филмот „Паркот Јура“ најмногу беше критикуван поради „прекумерните компјутерски анимации“