Мигрантот од Сирија кој утринава со нож избоде неколку деца и возрасна личност во францускиот град Анеси е уапсен веднаш по бруталниот напад.
На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на напаѓачот. На видеото се гледа како тројца полицајци се обидуваат да го задржат мигрантот, двајца едвај го држат на земја, а третиот се обидува да му стави лисици. Се гледа и дека игралиштето во тој момент било преполно со луѓе.
Attaque au couteau à Annecy: l'interpellation de l'agresseur filmée par un témoin pic.twitter.com/Q0EHJypyRr
— BFMTV (@BFMTV) June 8, 2023
Нападот се случил на игралиште покрај локално езеро каде, според француските медиуми, тогаш имало група деца на возраст од три до пет години.
Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека маж со турбан почнал да ги напаѓа децата.
Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се во критична состојба.