Објавена снимка од падот на хеликоптерот на Лестер

од desk2
210 прегледи

Снимка од падот на хеликоптерот на сопственикот на Лестер сити Вишаи Сриваданапраба објавена е на телевизиската мрежа „Скај“.

Англиската телевизија објави снимка ос една сигурносна камера на која се гледа хеликоптерот како полетува и паѓа по нешто повеќе од половина минута.

Сриваданапраба беше меѓу петте загинати во падот на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“.

Сриваданапраба секојпат доаѓал и си заминувал со хеликоптер. Пилотот изгубил контрола над леталото и се урна на паркингот во близина на стадионот на Лестер, по натпреварот со Вест Хем.

Полицијата соопшти дека загинаа двајца соработници 60-годишниот претседател на Лестер, Мурсара Сукнамај и Кавепорн Пунпаре, како пилотот Ерик Свофер и патничката Изабела Роза Лехович.