Објавени најновите резултати за парламентарните и покраинските избори во Србија

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија утрово ги објави последните резултати од вчерашните избори во земјата.

Врз основа на обработените 7.561 од 8.273 избирачки места, објавени се резултатите за парламентарните избори и според овие податоци, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ има апсолутно мнозинство, која освоила 47,24 отсто од гласовите, пренесе „Данас.рс“.

Следи листата „Србија против насилството“ која освоила 22,86 отсто од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија – 6,67, додека на изборната листа „Надеж за Србија“ има 4,94 отсто. Следна листа е „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,63 отсто, додека Милица Ѓурѓевиќ Стамнековски – Бошко Обрадовиќ имаат 2,8 отсто од гласовите.

Покраински избори: СНС 48,67, „Србија против насилството“ 20,22 отсто

Кога станува збор за покраинските избори, обработени се резултатите на 1.607 од 1.776 избирачки места.

Според податоците за изборите во Војводина, коалицијата „Александар Вучиќ – Војводина не смее да запре“ освоила 48,67 отсто од гласовите, додека коалицијата „Србија против насилството“ го зазеде второто место со 20,22 отсто.

Слични содржини