Објавени сателитски снимки од Крим: Разоткриени руските планови? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

„Максар“ објави нови сателитски снимки од Крим кои ја прикажуваат сложената мрежа на ровови на окупираниот полуостров Крим.

Русија изградила десетици одбранбени структури, кои се протегаат на километри, пишува „Вашингтон пост“. Се додава дека градбите го покажуваат стравот на Русија од губење на Крим.

Рововите се градат со помош на комбинација на машини и физичка работа.

Тие почнаа да се појавуваат низ целиот полуостров, но се чини дека се концентрирани долж крајбрежната област.

Утврдувањата се изградени во пресрет на пролетната офанзива на украинските сили, пишува „Вашингтон пост“.

Слични содржини