Објавено кога ќе биде погребан бугарскиот патријарх Неофит

од Симе Стоиков

Како што е познато поглаварот на Бугарската православна црква (БПЦ) и митрополит на софиската епархија, Неофит (79), почина синоќа по долго боледување, објави Синодот на БПЦ на својата официјална веб-страница.

Патријархот Неофит, како што објави Бугарската православна црква (БПЦ), починал вчеравечер околу 22 часот на Воено-медицинската академија во Софија како последица на повеќекратно откажување на органите. Во ноември лани тој беше хоспитализиран поради белодробно заболување

Смртните останки на патријархот Неофит утре ќе бидат изложени на поклонение, а неговиот погреб ќе биде на 16 март, соопштија новинарите, по вонредната седница на Светиот синод по повод смртта на Неговата Светост, Митрополитот Старазагорски Кипријан, спикер на Светиот синод.

Покојниот Неофит беше на чело на Бугарската православна црква од 24 февруари 2013 година.

Слични содржини