Облачно со повремен дожд, а на планините снег

од Берта Китинска

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе има услови за појава на снежни наноси.


Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 2 степена, а дневната температура од 1 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени.

Слични содржини