Пожарната служба во Париз објави дека главната структура на катедралата Нотр Дам e спасена, обjaвија француските медиуми.

 

 

Со часови пожарникарите се бореа да го стават под контрола  пожарот што избувна  во катедралата вчера вечер.

 

“Веќе сметаме дека основната структура на” Нотр Дам “е спасена и ќе биде зачувана”, рече шефот на операцијата Жан-Клод Гален само еден час откако беше објавил дека не може да даде гаранции за катедралата.

 

Според Гален нема опасност двете кули на “Нотр Дам” да се срушат. Малку пред тоа прогнозите беа стравични бидејќи  се урна кулата стрела која се издигнуваше над централниот дел на градбата  на познатата црква.