Обновена романса: Камила и Шон видени како се држат за рака за време на прошетка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Камила Кабељо и пејачот Шон Мендез навидум ја обновија својата романса на Коачела оваа година.

Парот беше виден на популарниот фестивал како разменува нежности и бакнежи. Фановите беа воодушевени од оваа вест, а снимката со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.

Но, тие двајца, како и никој од нивниот тим, не се огласија и не го потврдија помирувањето.

Извор на Entertainment Tonight даде малку повеќе детали за нивниот однос.

„Шон и Камила официјално не се заедно, но уживаат во заедничкото друштво и гледаат како ќе се развиваат работите“, истакнал изворот.

Сега, парот е виден на улиците на Њујорк повеќе од еден месец по гласините за помирување. Тие шетаа низ улиците на градот држејќи се за рака и уживајќи. Очигледно не се криеле, а многумина веруваат дека ова е официјална потврда за нивната обновена врска.

Слични содржини