О’Брајан: Ако некој вели дека има подобра понуда без да ја каже, тогаш не купувајте кола од него

од Radmila Tasevska
349 прегледи

„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за „360 степени“.

Тој додаде дека граѓаните кои гласаат го прават конечниот избор, но според него луѓето не би требало да гласаат за тие кои нудат алтернатива, без да кажат што е алтернативата.

„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа“ рече О’Брајан.

Помошникот-државник секретар на САД, кој претходно се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека ако не се прифати понудата која што е на маса, земјава ќе сврти грб на историјата, и иако изгледа задоволувачки во моментот таа одлука ќе биде на штета на економијата, повеќе граѓани ќе се иселуваат и ќе ја уназади земјата.

Слични содржини