Светскиот рекет број 2 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ успешно тргна во одбраната на титулата од турнирот на тврда подлога во Доха, Катар , која е за награден фонд 1.3 милиони долари.

Во натпревар од првиот круг Србинот се стави во два сета над Германецот Јан-Ленард Щруф со 7-6 (1), 6-3, што беше прв дуел меѓу двајцата. По многу еквивалентен прв сет, кој беше решен по тајбрејк во вториот ставен под број 2 во шемата оствари вреден пробив и до крајот не ја испушти предноста, за да се поздрави со успехот по час и 27 минути игра.
Во следниот круг Србинот ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Хорасио Зебалос (Аргентина) и Флоријан Мајер (Германија).