Од 1-март Бугарската национална телевизија ќе се емитува во македонскиот етер

од Nikola Popovski

„Имавме успешна работна средба со вашиот амбасадор, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски и директорот на Телеком, Никола Љушев. Од 1 март, Бугарската национална телевизија ќе оди на платформата МаксТВ на Македонски телеком“, соопшти вечерва бугарскиот новинар Костадин Филипов, откако добил информација од специјалниот претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски.

Средбата меѓу инволвираните лица во договорот се одржала вечерва, соопшти новинарот.

Според информациите, договорено е и МРТ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните агенции да имаат свои дописници.

Владата го назначи Бучковски за специјален претставник на земјава за решавање на спорот со Бугарија по даденото вето за почеток на пристапните преговори на РСМ со ЕУ.

Слични содржини