Од бензиска со еден вработен до нафтен гигант – Како Пуцко Петрол стана фактор во македонскиот бизнис

од Даниел Ѓорѓиевски
2,9K прегледи

Од една бензиска во с. Пласница, Кичевско, со еден вработен до еден од водечките гигант со гориво во Македонија со околу 200 вработени, Пуцко Петрол на Семејството Јаховски од 1992 година нотира на бизнис пазарот во државата.

Според податоците достапни на официјалниот сајт, Пуцко Петрол соработува со над 1500 фирми, а покрај приватните компании, нејзините клиенти биле или се  државни институции, универзитети, училишта и дипломатски претставништва, вклучително Министерството за внатрешни работи, Армијата на државата, Амбасадите на Обединетите држави, Турција, Холандија и сл.

Од 2013 година компанијата станува акционер во нафтениот гигант Окта. Според достапните податоци Јахоски купува 91.000 акции во Окта за цена од 400 денари, а во одреден период од партнерувањето во Окта Јаховски поседува 93.500 акции или 11,05% од вкупниот број на акции во Окта. 11 години подоцна Пуцко Петрол носи одлука со која  ги продава во вредност од околу 7 милиони евра,

Пуцко Петрол од 2003 година се вбројува во листата на 200 најголеми и најуспешни компании 19 години по ред, додека во 2021 година компанијата е рангирана на 72 место на најголеми компании и 50 место на најуспешни компании во Македонија со раст од 14 места на листата на најголеми и 10 места на листата на најуспешни компании во споредба со 2020 година. Во истиот период компанијата забележува раст на вкупните приходи од 40,5% и во добива пред оданочувањето на 39,5% .

Работењето на Пуцко Петрол подолго време е под лупа на јавноста, пред сè поради милионските набавки на гориво кои ги има компанијата која во 2018 година со гориво го снабдува јавното претпријатие ,,Комунална Хигиена’’. Во тој период Пуцко Петрол ќе реализира набавки  од околу 80 илјади Литри Еуросупер 95, 500 литри ЕУРОСУПЕР 98, 900 илјади литри ЕУРОДИЗЕЛ, 40 илјади литри течен нафтен гас и 100 илјади литри екстра лесно масло за домаќинство во вкупна вредност од околу 75.397.486 денари, односно повеќе од еден милион евра.

Но, Комунална Хигиена не е единствено јавно претпријатие кое го снабдува компанијата од Кичевско. Пуцко Петрол ЈСП-Скопје го снабдува со деривати во вредност околу 13 милиони евра, Министерството за правда во вредност од околу 34 илјади евра, а Охридската болница добива масло за греење во вредност од околу 150 илјади евра, додека Струшката за околу 100 илјади евра. Милионски суми на обрт компанијата бележи и во 2016 и 2017 година.

Пуцко Петрол бележи милионски профит и во текот на 2019 година. Во декември, 2019 година компанијата добила тендер во вредност од 3,15 милиони евра што ја прави најдобитна компанија за државни тендери во тековниот месец за набавка на нафтени деривати пред Макпетрол, Лукоил, Детоил, Супертрејд, Црна Река и др. Пуцко Петрол во 2021 година имал околу 48 милиони и 133 илјади евра што е за 40% повеќе во однос на 2020-тата година кога имале профит од околу 19 милиони евра.

Но, Пуцко Петрол во јавноста не е познат само по нафтениот бизнис. Долго време во јавноста брануваше планот за изградба на висококатница кај Алумина во општина Карпош која сакаше да ја изгради синот на Исмаил Јахоски, Асмир кој просторот на кој некогаш се наоѓаше Алумина со површина од околу 42 илјади метри квадратни го купи за околу 18 милиони евра, а со платените даноци и другите давачки, всушност оваа зделка ја чинела компанијата околу 24 милиони евра.

Семејството Јаховски станаа сопственици и на ,,ХЕЈ ДООЕЛ’’ од каде подоцна ќе изнајмуваат деловни простории на Државна Лотарија за месечна кирија од околу 22.000 евра за период од 10 години. Симптоматично во овој случај е што Јаховски оваа компанија ја купува само неколку дена откако претходниот сопственик Армин Машовиќ склучил договор со Државна Лотарија за изнајмување на деловен простор.

За семејството Јаховски се шпекулираше дека станале сопственици и на зградата на некогашен Бетон која беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.

Инаку, Сопственикот на Пуцко Петрол Исмаил Јаховски повеќе од една деценија е дел од политичката елита во државава како дел од пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција а претходно беше градоначалник на општина Пласница. Како раководител на Пуцко Петрол се јавува неговиот син  Исмаил Јаховски кој во текот на вчерашниот ден беше уапсен од страна на Министерството за внатрешни работи за злоупотреба при набавки на мазут, случај во кок покрај него се товарат екс директор на ЕСМ Васко Ковачевски и сопственикот на РКМ Ратко Капушевски.

Слични содржини