Од бездомник до голман кој му одбрани пенал на Роналдо

од desk2
113 прегледи

Голманот на Иран, Алиреза Беиранванд, има навистина неверојатна животна приказна, која од бездомник го доведе до Мундијалот на Русија. Сега овој човек направи нов огромен подвиг – му одбрани пенал на големиот Кристијано Роналдо.

Ова момче во синоќашниот натпревар против Португалија му одбрани пенал на Кристијано Роналдо, прочита каде ќе шутира еден од најдобрите фудбалери на светот и ја продолжи драмата на натпреварот.

На Иран му беше потребна победа, а Алиреза Беиранванд при резултат од 1:0 за Португалците, со одбраната на овој пенал, им даде на своите соиграчи крилја со надеж да направат чудо.

Успеаја да изедначат, имаа голема шанса за целосен пресврт, но едноставно не им успеа.

Меѓутоа, херојот во оваа приказна е токму Алиреза, ова симпатично момче кое сосема заслужено го доби вниманието на сите светски спортски медиуми.

Бројни фудбалери потекнуваат од сиромашни семејства, па потоа благодарение на својот талент и исклучителни фудбалски вештини, стануваат славни светски ѕвезди, а нешто слично се случува и со овој голман, кој од бездомник стана прв голман на репрезентацијата на Иран и сега му одбрани пенал на големиот Кристијано.

Имено, Беиранванд е роден во номадско семејство и бидејќи бил најстарото дете во семејството, тој морал да помага во домаќинските работи.

Прво задолжение му било чување на овци, а секој слободен момент го користел за да игра фудбал, со тоа што бил член на тамошниот локален фудбалски клуб.

Тој имал голема желба да стане голман, но неговиот татко Мортез, бил строго против тоа и барал од него да си најде „пристојна работа“.

Поради тоа Алиреза побегнал од дома, живеел како бездомник, работел најразлични работи за да преживее. Од чистење на улици до келнер во пицерии (само за да има каде да преспие).

Сепак, тој по некое време се враќа во клубот во кој играше во детсвото, па искуството од деновите од детството му помогна да остане во клубот и полека да започне да се пробива на светската фудбалска сцена.

Денеска, тој е прв голман на репрезентацијата на Иран и човекот кој е прогласен за Херој на нацијата, по одбранетиот голман на Кристијано Роналдо.