Од јануари патниците ќе можат да влезат во САД само ако се целосно вакцинирани

од Milan1

Од 22 јануари, САД ќе бараат сите патници кои влегуваат во земјата, а чие патување се карактеризира како исклучително важно, да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот. Тоа е барање на американскиот претседател Џо Бајден кое се разгледува и треба да биде објавено наскоро.

САД овој месец воведоа барање за целосна вакцинација на сите поединци кои пристигнуваат во земјата како туристи.

Одлуките ќе важат и за сите лица кои влегуваат во земјата со траект, изјави анонимен претставник на Белата куќа.

Мерката се однесува на оние луѓе кои не се американски државјани. Секој што има американско државјанство или постојан престој во таа земја може да влезе без разлика дали е вакциниран или не, но ќе биде подложен на тестирање.

Слични содржини