Од коронавирус излечен најстариот пациент: 98-годишен епископ пуштен од болница (видео)

од Nikola Popovski

Најстариот пациент излечен од коронавирус во Кина има 98 години и страда од други хронични заболувања, иако експертите велат дека инфекцијата е фатална за стари лица и лица со некои сериозни хронични заболувања.

Според кинеските медиуми, 98-годишниот пациент целосно се опоравил и бил пуштен од болницата, каде што престојувал од 3 февруари.

Станува збор за католички епископ во пензија од кинескиот град Нанџанг, Жу Бајоу, објави италијанскиот „Asia News“, официјалниот портал на мисионерската организација „Папски институт за надворешни мисии“.

Жу беше хоспитализиран во болницата во Нанјанг и пред да биде заразен со коронавирус, страдал од неколку хронични состојби, како што се срцеви аритмии или акумулација на вода во белите дробови.

Тој бил католички свештеник повеќе од шест децении и прогласен за епископ во 1995 години. Се пензионирал поради лошата здравствена состојба во 2010 година и сега ја носи титулата почесен епископ.

#98岁新冠肺炎患者成功治愈

【#98岁新冠肺炎患者成功治愈】2月14日,河南98岁高龄的新冠肺炎患者在南阳市中心医院成功治愈,这也是目前全国治愈的最高龄的新冠肺炎患者。患者2月2日检查新冠病毒核酸阳性,12日起连续两日核酸检测阴性,14日肺部CT显示下肺感染明显吸收,经专家会诊确认已治愈。

Публикувахте от 人民日報 в Събота, 15 февруари 2020 г.

Слични содржини