Од куќа во Нерези украдени 800.000 евра, 50.000 франци и еден милион денари

од Aleksandar Petrovski

58.560.000 денари му биле украдени на скопјанец од скопската населба Нерези, откако крадец кој влегол преку прозорецот на неговата тераса успеал да украде 800.000 евра, 60.000 долари, 50.000 франци и еден милион денари.

Според полицискиот извештај, кражбата се случила во периодот од 19.30 до 21.00 часот на 04.07 годинава.

Парите биле спакувани во хартиени кеси, а крадецот ги пронашол во дневната соба на сопственикот.

Полицијата трага по сторителот.

Слични содржини