Од лажна веб страница со името на Пошта се испраќаат електронски пораки, граѓаните да бидат внимателни

од Vladimir Zorba

Пошта на РСМ информира дека нејзиното име е злоупотребено во измамничка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук, со лажна веб страница која испраќа пораки и апелира до граѓаните да бидат внимателни.

Од Пошта истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.

– Повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбукСе работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки. Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Северна Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница, наведува Пошта на РСМ во соопштение на веб страницата.

Потсетува дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

-Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk, укажуваат од Пошта

Слични содржини