Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 го најави новиот систем на јавен превоз кој ќе им овозможи на скопјани на секои 3,5 минути да имаат автобус на постојка.
„Во втората половина на наредната година ќе започнеме со изведување на работите. Станува збор за две линии т.н. кичми на јавен транспорт, едната е од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, другата од Кисела Вода до Бутел, со вкрстување некаде кај раскрсницата кај Црвен Крст во центарот на градот.Прва за имплементација е линијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со изработка на двете депоа коишто таму треба да се наоѓаат.Тоа е систем кој ќе овозможи на секој 3,5 минути да има возило на постојка“, истакна Шилегов.