Од петок стапуваат на сила новите мерки, што се е забрането?

од Берта Китинска
517 прегледи

Од петок стапуваат на сила новите мерки кои ќе трае до 20 јануари.

Владата ја започнува кампањата „Празнувај одговорно“.Новиот пакет рестрикции ќе важи од 18 декември до 20 јануари на полноќ, кога угостителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо како досега до 21 часот.

Што се е забрането:

  • Се забранува организација и одржување на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции
  • забрана за хотелите за организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, а ако организирале да ги откажат
  • во угостителско сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели и слично) во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот и да работат исклучиво за пансионските гости
  • се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.
  • забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.

Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации на територијата на Република Северна Македонија.

Филипче: Да не се излегува од дома без потреба по 18 часот

– Останува на сила и забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Се препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. А се забрануваат и секакви прослави во рамките на работните организации. Останува и апелот да не се излегува од дома без потреба, но сега по 18 часот, потенцираше Филипче.

Тој апелираше до верските лидери да не апелираат за масовно собирање за време на празниците, а до граѓаните апелираше да се придржуваат до препораките, за наредните празници да ги празнуваме поинаку.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711.

 

 

Слични содржини