Од полноќ поевтин бензин на пумпите

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика излезе со најнова одлука за цената на горива од полноќ. Според објавеното, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Цени на горивата и нафтените деривати од полноќ на 29.09.2023 година:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС ќе се продава по иста цена од 48,7 денари

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,88 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,068 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 0,889 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,33 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е повисок за 0,258 отсто.

Слични содржини