Турскиот претседател Ердоган ja зацврсти својата власт убедливо на денешниот референдум.

Медиумите веќе почнаа да ги шират првите резултати од гласањето.
61,30 проценти од турските гласачи гласале со “да” на денешниот референдум за воведување на претседателски систем на управување во Турција, покажуваат делумните резултати од сенародно анкетирање, соопштува турската телевизија НТВ.
38,70 проценти од избирачите гласале со “не”, според преброени 32,35 проценти од гласовите.
Во источна Турција се гласаше од 7 до 16 часот, а во Западна – од 8 до 17 часот. Секциите во 32 окрузи се затворени.
Турската телевизија СНН Турк објави малку различни резултати. Според нивните податоци 57,46 проценти од турските гласачи гласале со “да” на денешниот референдум за воведување на претседателски систем на управување во Турција, покажуваат делумните резултати од сенародно анкетирање, соопштува турската телевизија СНН-Турк.
42,54 проценти од избирачите гласале со “не”, според преброени 51,14 проценти од гласовите. Со “не” гласале повеќето гласачи во северозападните и западните покраини Едрене, Кркларели, Текирдаг, Чанаккале, Измир, Ајдин, Мугла и Денизли, како и во јужните окрузи Анталија, Мерсин и Адана. Поголем дел од гласачите во југоисточните покраини населени главно со Курди, гласаат со “не” на референдумот. Земјата е целосно поделена како во гласови, така и во поддршката .
Во Турција нема екзитполове кои да се следат привремените резултати од референдумот. Првите официјални резултати се очекуваат вечерва кога ќе јасен финалниот резултат од референдум.
Меѓу најважните од 18-те предложени уставни амандмани е дека позицијата премиер ќе отпадне, министрите ќе се назначуваат од страна на претседателот, а турскиот парламент нема да може да иницира гласање на недоверба. Ако референдумот помине со повеќе гласови “Да”, кон новиот систем на управување ќе се помине во 2019 година