Од „Северен тек 2“ повеќе не истекува гас

од Nikola Popovski

Повеќе не истекува гас од гасоводот Северен тек 2, откако тони метан беа испуштени во Балтичкото Море поради истекување во текот на неделата, изјави портпаролот на операторот Урлих Лисек.

Според неговите зборови, тоа може да значи две работи, пренесе Ројтерс.

„Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во гасоводот и водата надвор достигнаа рамнотежа“, посочи Лисек.

Русија го обвини Западот за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, додека земјите-членки на ЕУ веруваат дека тоа е саботажа, наведува агенцијата.

Слични содржини