172
Од почетокот на октомври минатата година, заклучно со 2 февруари 2020 од грип, во Грција, починале вкупно 38 лица, а за само една седмица регистрирани се 15 смртни случаи, според податоците од Националната организација за јавно здравје, јави дописничата на МИА од Атина.
Од починатите, 17 се мажи, 21 жени, на возраст од 4 до 91 година. 36 отсто од починатите припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.
Според податоците, само за една седица, во перодот од 27 јануари до 2 февруари 2020, 15 лица починале од сезонски грип, 32 биле примени во болница, а на интензивна нега, од почетокот на октомври 2019, вкупно се хоспитализирани 136 лица.