Од следната година Министерството за транспорт и врски ќе поставува интелигентни транспортни системи на Коридор 10

од Radmila Tasevska

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварскизаедно со министрите за транспорт и инфрастуктура од земјите на Западен Балкан ја потпишаа заедничката Декларација за имплементација на Интелигентни транспортни системи.

Со Декларацијата земјите од Западен Балкан се залагаат за воведување на интелигентни системи во железничкиот и патниот сообраќај на европските коридори, како предуслов за ефикасен транспорт.

Министерот Бочварски истакна дека развојот и имплементацијата на Интелигентни транспортни системи се суштински развојот на транспортните мрежи по европски стандарди и нагласи дека патот на Северна Македонија во овој дел е целосно фокусиран на модернизација на Коридорите преку вакви ИТС системи.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ја донесе Националната стратегија за Интелигентни транспортни системи 2023-2032 и во Националната стратегија се наведени целите за нивна имплементација во периодот до 2030 година.

„Првиот квартал од 2024 година очекувам да избереме изведувач и да започнеме со имплементација на ИТС системи долж Коридорот 10 и тоа од Велес до Граничен премин Богородица, а во втора фаза да се постават и од потегот од Велес кон граничниот премин Табановце. Ова вклучува поставување на системи за управување со сообраќајот и тоа знаци со променлива содржина, систем со камери за броење, систем за категоризација на возила, метеоролошки станици за следење на временските услови и регионален контролен центар за ИТС.“ – изјави министерот Бочварски.

Како среднорочна цел предвидена е имплементација на ИТС и на Коридорот 8, како и делницата Тетово – обиколница Скопје – Миладиновци до Штип.

На панелот за ИТС системи во рамките на Министерскиот совет,  министерот Бочварски потенцираше дека воведување на вакви информатичко-комуникациски технологии во сообраќајот ќе придонесат за побезбеден, поефикасен и одржлив транспорт.

Слични содржини