Експерти од Советот на Европа ја повикаа Србија да го признае официјално масакрот во Сребреница како “геноцид”. Во истиот текст се изразува загриженост од говорот на омраза, користен од расистички групи и фудбалски навивачи.

“Српските политички лидери треба официјално да признаат дека масакрите извршени во Сребреница, претставуваат геноцид”, смета претседателот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата во Советот на Европа, Швеѓанецот Кристијан Олунд.
Во јули 1995 година околу 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани беа убиени од српските сили во Сребреница, Босна, во рок од неколку дена. Тоа е најголемиот масакр на луѓе, извршено во Европа од Втората светска војна.
Комисијата во Советот на Европа, забележува дека “српскиот парламент и претседателот се извинил за масакрот во Сребреница. Таа сепак изразува недоволна увереност од фактот дека ниту парламентот ниту шефот на државата, признале експлицитно дека тоа колење претставува геноцид, како ѓто го го дефинираат меѓународните трибунали.
Во април 2013 година српскиот претседател Томислав Николиќ искажа извинувањето на националната телевизија на Босна. Комисијата “изразува длабоко жалење од бавниот напредок при извршување и осудувањето на геноцидот и други расистички воени злосторства”.
“Признавањето / на масакрот во Сребреница за геноцид /, како и спроведување на транспарентна истрага за сите случаи на насилство, е апсолутно неопходно, за да може луѓето од различните етнички заедници да престанат да живеат во страв од нов бран злосторства од омраза”, нагласува комисијата во соопштението. / АФП