Од среда полицискиот час од 16 до 05 часот, во викендите ограничување 24 часа

од Берта Китинска
363 прегледи

На осумнаесетиот главен координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски се одвиваше во присуство на членовите на Комисијата за заразни болести на која се дискутираа акуелните состојбу со коронавирус, со посебен акцент на заштита на здравствените работници и почитување на протоколите за заштита на здравствените работници. На сединацата беше донесена одлука полицискиот час од среда да почнува во 16 часот, а да завршува во 5 часот следниот ден на територијата низ цела Македонија.


-Полицискиот час на територијата на целата држава од среда ќе се продоложи и ќе трае од 16.00 часот до о5.00 часот утредента. Ова на својот фејсбук профил го напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објавувајќи дека полицискиот час за целата држава ќе биде по примерот на Куманово. За викенд, напиша Бујар, полицискиот час за целата држава ќе трае 24 часа.

Слични содржини