Исмаил Ѓул и Демир Алиев се двајца другари, родени во делчевски Стар Истевник, а живеат во Истанбул, Турција. Летово, поточно првите две недели од август, двајцата турски државјани со македонски корени, дојдоа во посета на родниот крај. Да се видат со другарите кои се уште се тука, да се потсетат на минатите времиња и да запеат песни кои сами ги измислиле, а одлично ги пеат на македонски јазик.

Со делчевскиот професор Илија Тодоровски случајно ги затекнавме пред градската слаткарница. Разговараа на повеќе теми, а од нивниот разговор дознавме нешто повеќе за нивната посета на родниот крај.