Во Србија летово регистрирани се 126 случаи на заболени од треска на Западен Нил, додека 11 пациенти починаа од болеста што ја пренесуваат комарците.

Според Институтот за јавно здравје најмногу заболени има во белградскиот регион.
Оваа болест прв пат е регистрирана кај нашиот северн сосед во 2012 година, а од тогаш заболени се 574, а починале 61 лице.
Треската на Западен Нил е сезонска болест и најмногу се јавува во периодот на најголема активност на комарците. Искуствата покажаа дека првиот заболен се јавува во јули, а најмногу ги има во август.
Во ЕУ оваа година регистрирани се 231 случај на заболени од треската на Западен Нил и тоа во Италија, Грција, Унгарија, Романија, Франција, додека осуммина пациенти починале.