Низ центарот на Скопје на летните тераси се поставуваат маси и столици, согласно препораките за држење на растојание од два метри. Голем дел од угостителите меѓу масите поставуваат и паравани, за да нема контакт меѓу гостите.
Од утре отвораат и угостителските објекти. Тие же можат да примат гости на отворениот дел од нивниот објект и строго да ги почитуваат протоколите за работа. Се подготвуваат нови протоколи за работа за затворениот дел од угостителските објекти.
Еве дел од протоколите кои ќе мора да се почитуваат:
Се дозволува отворање на угостителските објекти за исхрана со ограничување во однос на начинот на работа со почитување на
протоколите за превземање на превентивни мерки во услови на епидемија од COVID-19.
Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана
1. Ограничено работно време
2. Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од угостителсите објекти за исхрана
3. Се ограничува бројот на гости, се послужуваат само гости кои може да седат
4. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
5. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4
столови
6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење
раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна
8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
9. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)