Од верските календари- Денеска е Велики Петок

од Vladimir Zorba
136 прегледи

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 април.

Денеска е Велики Петок.

Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Велики Петок.

На денешен ден, пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите. Со својата смрт на Крстот, Исус покажа совршена послушност кон својот Татко, а кон нас луѓето, со тој чин покажа голема љубов. По гревот на Адам човекот бил оддалечен од Господ, својот Создавач и ја изгубил можноста да живее вечен живот со Господ во рајот. Христос како Нов Адам и жртва на Крстот, како Глава на човештвото, повторно ги привлече луѓето кон Господ и им стекна вечен живот. Светото писмо во сите четири евангелија зборува за Спасителската мака и Исусовото трпение на Крстот, за нашето спасение. Со жртвувањето на Крстот, Исус ни покажува дека не сака. Да му возвратиме и ние со љубов, живеејќи според Божјите заповеди, не навредувајќи го никогаш повеќе со своите гревови.