Одбележување на Денот на албанската азбука

од desk4
260 прегледи

  Со повеќе настани во Скопје и Битола под мотото „За нас сонцето грее од запад“, кои ќе се крунисаат со утрешниот концерт на албанскиот виолинист Шкелзен Доли во Скопје заедно со Македонската филхармонија под диригенство на Михаел Мацијашчик од Полска, денеска и утре ќе се одбележи Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес.

Одбележувањето ќе почне денеска во Скопје во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците со доделување на признанија и предавање на тема „Непознатото потекло на химната на албанската азбука“ на Давид Хосафлок, како и со откривање табла во знак на благодарост до Амбасадата на САД, а ќе продолжи во Битола со свечена академија и промоција на книги.

Централното одбележување на настанот ќе биде утре во Битола каде ќе се одржи научна сесија посветена на 110-годишнината од Битолскиот конгрес, а програмата ќе заврши во Скопје со концерот на Доли во Македонската филхармонија и изложбата на архивски документи „Една нација, едно АБЦ“.

Слични содржини