Женскиот одбојкарски тим на Србија го прослави своето второ место на Олимпијадата во Рио заедно со најголемата балканска ѕвезда Цеца. Исклучително среќни и сеуште во еуфорија од успехот, сребрените медалисти испеаја заедно еден од исконските хитови на пејачката “Kad bi bio ranjen”. Една од ѕвездите на тимот Бранкица Михајловиќ ја снимо емоционалната изведба на девојките и објави видеото на социјалните мрежи со коментар: “Па така е. Среќа, среќа, радост!”. Буквално само за неколку секунди клипот собра рекорден број допаѓаат и честитки:

Длабоко трогната од гестот на српските националки , Цеца која подготвува концерт за своите фанови во Лондон на 21 октомври, не успеа да го скрие ентузијазмот и напиша во одговор: “Поласкана сум што избраа да слават токму со мојата песна. Среќна сум што нашите девојки се толку успешни. Ги гледав игрите заедно со моето семејство. Честитки! Јас сум исклучително среќна и горда со нив.