Одговор на една ученичка од нападнатото училиште во Флорида до американскиот претседател Доналд Трамп брзо се шири по интернет. „Не ми треба твоето сочувство, с..ко“.

Откако 19-годишниот Николас уби 17 луѓе во училиште во Флорида, Доналд трам, како и многупати до сега, на војот Твитер напиша дека се моли за жртвите.
„Моето сочувство молитвите одат кај семејствата на жртвите за страшниот напад на Флорида. Ни едно дете, учител или кој и да е друг не треба да се чувствува несигурно во американските училишта“, објави Трамп.
Но, на неговиот твит бурно регираше 16-годишно девојче, Сара Чедвик, ученичка во истото училиште.
„Не ми треба твоето сочувство, е..н серко, моите пријатели и учители се застрелани. Неколку мои колеги од класот се убиени. Направи нешто место да праќаш молитви, тие ништо нема да поправат, но подобра контрола на оружјето може да спречи вакво нешто да се повтори“, напиша Сара, а нејзиниот твит е лајкуван 350.000 пати, и споделен 150.000 пати.
Таа подоцна го избриша и се извини за пцовките, но вели дека е лута.
„Се извинувам за коментарот, но не и за бесот“, напиша таа.