Одигра 32 минути за Челзи, а сезоната ја заврши поради повреда

од Симе Стоиков

Фудбалерот на Челзи, Ромео Лавија ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на бутниот мускул, соопшти лондонскиот клуб.

Лавија се пресели во Челзи од Саутемптон за 58 милиони фунти на крајот од летниот преоден рок, но одигра само 32 минути за лондонскиот клуб, на натпреварот против Кристал Палас на 27 декември во Премиер лигата.

За време на тој натпревар, 20-годишниот фудбалер се здоби со тешка повреда на бутот и оттогаш не игра.

„Играчот од средниот ред Ромео Лавија за жал ќе го пропушти остатокот од сезоната бидејќи не се опорави доволно од повредата“, се вели на клупската веб-страница.

Лавија го пропушти и првиот дел од сезоната поради повреда на скочниот зглоб. Белгискиот фудбалер нема да се опорави навреме за Европското првенство во Германија.

Минатото лето тој ја одби понудата на Ливерпул за да се пресели во Челзи со кој потпиша седумгодишен договор.

Слични содржини