Одиме на Тајван, земјата на високите планини и бесплатен интернет

од desk2
114 прегледи

Додека сите секогаш ги гледаме понудите за Тајланд, ретко кој помислува на оваа земја со слично име – Тајван.

Таа нуди сешто, од високи планини, преку музеи, до фантастична храна.

Музеј со речиси 700.000 експонати

Националниот музеј во Тајпеј, според последните податоци, брои точно 696.424 експонати. Секако, ако ве интересира кинеската историја, таму може да најдете работи стари и 8.000 години. Се работи за еден од најпосетените музеи во светот, а за да го поминете цел не ви требаат часови, туку денови.

Тајванската храна е одлична

Кој и да ужива во кинеската храна, секако ќе ја сака и тајванската. Улиците се преполни штандови што работат од 0-24 часот, а говетската супа со нудли и зачинетите свински меса се избор на кој не може да му одолеете. Гурманите овде ќе се чувствуваат како риба во вода.

Златна прачка од 200 кг

Во планинскиот град Јингуаши се наоѓа Златниот еколошки парк во кој посетителите може да научат повеќе за вадењето злато во регионот. Овозможена е и прошетка по еден оригинален тунел ископан од рударите за злато, а во музејот може да се фотографирате или да допрете една од најголемите златни прачки на светот, која тежи 222 кг. Да можете да ја понесете дома нема да ви пречи да платите дополнителен багаж.

Посетете го тоалет ресторанот

Необичните работи секогаш се на цена, а тука секако спаѓа и овој ресторан со име Модерен тоалет. Таму јадите седејќи на WC школка, а масата е стакло врз када. Колку и да ви звучи бизарно за секоја стока може да се најде купувач, па најде и овој ресторан.

Богата историја

Историјата на Тајван не само што е богата, туку и фасцинантна. Земјата прво била холандска, па потоа шпанска колонија, а откако европските власти заминале, таа потпаднала под Јапонија. На крајот на Втората светска војна потпаѓа под кинеска власт, за само по 4 години да се оддели од Кина. Денеска е делумно призната држава, а практично е независна.

Тајпеј некогаш ги имал највисоките згради

Додека не беше изградена Бурж Калифа во Дубаи, највисок облакодер имаше во Тајпеј, Taipei101, а бројката ги означува катовите. И ден денеска во него се наоѓа супер брз лифт кој од подножјето до врвот ќе ве однесе за 40 секунди, што не е чудо ако се знае дека вози со брзина од 60 км/ч.

Планинарење

Покрај малата површина, Тајван е дом на 9 национални паркови. Еден од нив е Јушан, а во него се наоѓа и највисокиот врв во земјата со исто име. Со висина од 3.952 метри над тлото, за да го искачите мора да бидете во добра форма. Во Јушан, како и во земјата има барем 100 врвови кои се повисоки од 3.000 метри.

Бесплатен интернет

Тајванските власти сфатиле дека технологијата е битна за напредок, па бесплатниот интернет им го овозможија на сите. Илјадници hotspot-ови, колку што се поставени низ земјата, може мирно да се споите и да сурфате колку сакате.