Одлучна, упорна, доследна…Зошто е убаво да имате жена бик во својот живот

од Берта Китинска
334 прегледи

Оваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста, таа е одлучна, упорна, доследна…

Жената Бик не се освојува лесно, но кога ќе се зближите и подобро ќе ја запознаете каква личност е, ќе сфатите дека вредел целиот ваш труд. Во текот на целиот живот ќе ѝ се заблагодарувате затоа што секогаш е тука за вас.

Таа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа.

Ја сака природата и највеќе од се, сака да живее во удобно и разнобојно окружување. Оваа жена не е авантурист и нема да ризикува поради што и не знае најдобро да се носи со наглите промени. Подобро функционира во рутина и едноличност, поради што никогаш не тежнее кон големи промени во нејзиниот живот, освен ако самите не се предизвикани.

Слични содржини