Одмаздата допрва доаѓа: Шакира подготвува нов удар за Пике, еве за што се работи

од Nikola Popovski
434 прегледи

Популарната колумбиска ѕвезда не се помирува лесно со разделбата со поранешниот фудбалер.

Шакира и Жерар Пике се разделија минатата година по 11 години заедно. Тие двајца никогаш не се венчаа, но во текот на врската добија два сина – Милан и Саша.

До раскинувањето дојде откако медиумите објавика дека Пике ја изневерува Шакира со младата Клара со која е и денес.

Како одговор на измамата, Шакира снимила неколку песни, а сега му подготвува нов хит на поранешниот партнер.

Имено, како што пренесува „Дејли Мејл“, таа моментално учествува во снимањето на материјал кој наскоро ќе го објави, но не се знае дали се работи за документарец или реално шоу.

Според изворот на овој медиум, популарната пејачка ќе се осврне на раскинувањето и сето она што следело потоа, како и на обвинувањата дека избегнувала да плаќа данок во Шпанија.

„Јасно е дека Шакира снима материјал за проект, документарец или реално шоу во документарен стил“, потврдила новинарката Лорена Васкез за споменатиот портал.

Слични содржини