Одобрен текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС системот

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница го разгледа и усвои текстот на гаранцијата усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE) како корисник на гаранцијата и Комерцијална банка за финансиската гаранција на износ од 7.457.140 американски долари за набавка на вакцини преку КОВАКС системот, и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче во име на Владата на Република Северна Mакедонија да го потпише текстот на гаранцијата.

Со заклучок по информацијата, Владата го разгледа и го прифати текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа што треба да биде склучен помеѓу Владата на Република Северна Mакедонија и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче од име на Владата на Република Северна Mакедонија да го потпише овој Договор.

Министерството за здравство информираше дека попладнево бил постигнат директен договор со компанијата Фајзер за набавка на вакцини, а количината што првично ќе биде доставена ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер потоа ќе пристигнат во март и април. Претходно, во јануари се очекуваат и фрижидерите за нивно соодветно складирање, по што домашниот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Слични содржини