Одреден 48-часовен притвор за Урош Вукашиновиќ од Лепосавиќ

од Stefanija Kuzmanovska

На Урош Вукашиновиќ (28) од Лепосавиќ, кој утрово беше уапсен од припадниците на косовската специјална полиција во ова место на северот на Косово, му беше одреден 48-часовен притвор.

Како што изјави за „Новости“ неговиот адвокат Небојша Влајиќ, Урош е обвинет за учество во групата која нападна новинари во Лепосавиќ.

„Тој е во полициски притвор во јужниот дел на Митровица и утре ќе биде сослушан“, изјавил Влајиќ.

Слични содржини